ПЗУ „ООС Д-р Роксана Петковска-Божинова“ е основана во 2005 година од Д-р Роксана Петковска-Божинова
Истата година има склучено и договор со фондот за здравствено осигурување
Како Ваша Општа Стоматолошка Ординација, предодредедни сме да користиме најнови методи и материјали кои се основа на модерната стоматологија, со цел постигнување на видливи резултати.
Кога Ви нудиме третман ние ги земаме во обзир Вашите желби, Ви објаснуваме кои можности ви стојат на располагање, нивната цена, така да можете да направите избор.
Д-р Роксана Петковска-Божинова има завршено Стоматолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001 година, и од тогаш активно работи во повеќе реномирани Стоматолошки ординации во Струмица.
Во 2005та година ја има основано нејзината сопствена стоматолошка ординација ПЗУ „ООС Д-р Роксана Петковска-Божинова“.
Во текот на 24-годишното работно искуство паралелно со работата Д-р Роксана се има усовршувано на бројни домашни и меѓународни обуки за естетска и конзервативна стоматологија, пратејќи ги најсовремените трендови на модерната стоматолошка пракса.
Со внимателен и стрплив пристап према пациентите, им овозможува сигурност и примена на интервенции од област на конзервативна стоматологија, стоматолошка протетика, ендодонција, детска и превентивна стоматологија.
Д-р Мила Стојанова е доктор по општа стоматологија со над 8 годишно работно искуство.
По дипломирањето д-р Мила редовно учествува на континуирано стручно усовршување и успешно ги применува најновите трендови во секојдневната пракса.
Смиреност,сигурноста и емптијата се главните карактеристики поради кои д-р Мила е редовно барана од нашите пациенти.
Тамара Стојанова е стоматолошка сестра во ПЗУ „ООС Д-р Роксана Петковска-Божинова“ која е задолжена за целокупната организација на работата во истата. Таа го има првиот пристап со пациентите во ординацијата и со својата внимателност и љубезен однос уште од самиот старт го намалува нивниот страв. Секогаш е упорна и истрајна во нејзината ангажираност на секое поле во ординацијата.